Германскиот парламент денеска одобри испраќање тешко оружје и сложени системи во Украина.
Испраќањето оружје го поддржаа пратениците на владејачката коалиција, но и најголемата опозициска партија ЦДУ. Против беше ултрадесничарската партија АФД, која смета дека со испраќање оружје во Украина, Германија е блиску до објавување војна.
Германија исто така ќе распореди повеќе војници во Источна Европа со цел да го зајакне присуството на НАТО, како и да ги охрабри руските војници да го положат оружјето и да бараат азил во Германија и во ЕУ, наведуваат германските медиуми.