• Fri. Nov 22nd, 2024

Германци над 65 години ќе се вакцинираат со Астра Зенека

Германци над 65 години ќе се вакцинираат со Астра Зенека. Здравствени советници на германската влада сугерираат дека земјата наскоро може да им овозможи на лицата над 65 години да се вакцинираат со вакцината. Ова е важен сигнал што доаѓа во време кога голем број земји од Европската унија имаат на располагање голем број дози од оваа вакцина.

Томас Мертенс, претседател на Германската комисија за вакцинација, изјави дека многу бргу ќе издаде изменета препорака.

Неговите коментари доаѓаат во време кога неискористените дози на вакцината „АстраЗенека“ се натрупуваат во магацините низ цела Европа. A, сомнежите за ефикасноста на вакцината се шират во голем број европски земји. Вклучувајќи ги Франција и Германија.

Од саботата, според последнитре информации на германските медиуми, Германија користела само 363.645 дози вакцина „АстраЗенека“. Во исто време тие имаат дури 1,45 милиони дози.

Регионалните здравствени власти предупредуваат дека илјадници Германци не дошле на договорениот датум за вакцинација. Причина било што кога дознале дека планираат да ги вакцинираат со „АстраЗенека“ се откажале.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *