Денеска Комуналец имаше генерално чистење во градот. Се собираше кабаст отпад од дворовите и пред улиците на граѓаните кои имаа пријавено дека имаат потреба да фрлат ваков отпад.
Комуналното претпријатие кое со трасктор минуваше на секоја означена адреса, собра 144 метри кубни ѓубре.
Градоначалникот Костадин Костадинов на својот фејсбук профил објави дека заврши 20 генералка на Струмица и дека градот е чист и среден.