• Sat. Nov 23rd, 2024

Fundraisers-Facebook платформа за добротворни акции

По неколку обиди дел успешни, дел неуспешни конечно од компанијата се одлучија за добротворна платформа наречена Fundraisers.
Како што објаснуваат од Facebook, корисниците можат многу брзо и едноставно да покренат некоја акција за собирање добротворни прилози. Потенцијалните донатори можат со само неколку чекрои да дознаат се за личноста која ја почнала акцијата и за личноста која ќе ги прими парите, како и кој се има донирано.
За да се стартува акција треба само да се избере хиперлинк, да се избере за кого се собираат парите, да се осмисли наслов за акцијата и да се напише позадинска приказна за акцијата.
Добротворни акции може да се почнат во повеќе области како: образование, здравје, домашни миленици, кризни ситуации, смрт, спортски активности, општествени активности итн.
Facebook ќе ја прегледа секоја акција и ќе ја одобри во рок од 24 часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *