Вицепремиерот Артан Груби на своите профили на социјалните мрежи сподели фотографии и видео како се забавува со министрите во Владата од редовите на ДУИ.
Фудбал и кошарка се игра во работните простории, што предизвика мноштво реакции од граѓаните на социјалните мрежи. Груби во описот на фотографиите вели дека се опуштаат од стресен работен ден, но, за граѓаните не е прифатлив овој ПР, туку реагираат дека се злоупотребуват јавните институции.
По неколку часа се огласи и вицепремиерот Груби кој смета дека реакциите се хистерични. Пораката на видеото била дека министрите на ДУИ се добар тим, изјави Груби.