Денешната автобуска несреќа крај Бонсек, во којашто загинаа најмалку 45 души, е најтешката автобуска катастрофа во Европа во последната деката, пишува „Франс прес“, а пренесува БГВ.
Агенцијата ги разгледува најголемите автобуски трагедии во континентот во последните 10 години.
2021- Катастрофа во Бугарија
Најмалку 45 лица, меѓу кои и 11 малолитн загинаа кога автобус кој патувал од Истанбул за макеонскиот главен град Скопје, изгоре во Бугарија рано утринава. Повеќето патници се од албанската заедница во РСМ, пишува Франс прес.
2019- Португалија и Русија
Португалија: 29 германки туристи загинаа откако автобусот излетал од пат на планинскиот остров Мадеира на 18 април.
Русија: Автобус падна од мост во замрзнатата река Сибир на 1 декември при што загина 19 лица.
2018- Турција и Бугарија
Турција: 17 мигранти, нелаголно превезувани низ Турција загинаа, а 36 беа повредени кога се запали автобус по удар о столб на 29 март во близина на Карс. Повеќето од нив биле Иранци, авганстанци и Пакистанци.
Бугарија: Дваесет лица загинаа кога автобусот се преврти поради влажен коловоз северно од Софија за време на нивното патување до православен манастир во Бугарија . Несреќата се случила на 25 август.
2017- Автобуски пекол
Германија: 18 возрасни туристи од Саксонија загинаа кога туристичкиот автобус им се запалу п удар со камион во Баварија на 3 јули.
Италија: 16 лица, претежно унгарски тинејџери кои се враќаа од зимска ексурзија во Франција, загинаа на 21 јануари кога автобусот им се запали крај Верона.
Русија: 16 лица загинаа, кога на 6 октомври воз се судри со автобус во кој се превезувале узбекистански патници, на железничкиот премин источно од Москва.
2015- Најлошата катастрофа во последните 30 години во Франција
Франција: Во најтешката француска сообраќајна несреќа во последните 30 години, 43 лица загина кога атобус кој превезувал пензионери, се судрил со камион и се запалил во близина на југозападната страна на 23 октомври.
2014- Експлозија на цистерна
Турција: Цистерна која превезувала течен гас ЛПГ се преврти и експлодира на магистралата на југоистокот од земјата на 22 јули, при што загинаа 26 лица од автобуси кои минувале и биле зафатени од пламенот.
Други 21 лице згинале во Централна Турција на 23 јануари која автобусот се превртил на замрзнат пат.
2012- 22 деца загинаа
Швајцарија: 28 лица вклучително 22 деца загинаа во катастрофата во Сиер, Јужна Швајцарија кога се враќаа од зимски одмор во Белгија на 13 март.
2011- Загинати ученици во Турција
25 лица, претежно ученици, загинаа кога на 21 декември натоварен камион се судри со автобус во близина на Салат, село во југоисточната провинција Диарбекир.