Светлина, фрагменти од македонската фолклорна, но и црковна традиција се застапени во делата на уметникот со струмичко потекло, Запро Запров. Познатиот композитор и диригент во изложбата која опфаќа шеесетина дела вметнувал материјали, но и креација која како што вели, тлее во него уште од најрана возраст.
Тематската изложба е дел од неговите дела создавани низ минатите децении. Во изборот се и такви стари над четири децении.
Запров е истакнат хорски диригент кој континуирано настапува во државава и во Светот. Резултат од неговата севкупна музичка дејност се вкупно 109 (53 меѓународни и 56 државни) врвни награди и признанија, меѓу кои и наградата 11 Октомври за особен придонес во културата и уметноста. Зад себе има над 2500 концерти и настапи, над 1000 минути трајни аудио и видеозаписи, околу 20 радио и ТВ емисии, околу 700 изведени вокални, инструментални и вокално-инструментални дела од врвната светска музичка литература. Основач е на Детскиот хор „Изворче”, Женскиот хор „Рустико” и Хорското Студио „Рустико”, во чиј состав се Детскиот хор „Развигорче” и Женскиот Младински Хор.