• Sat. Nov 23rd, 2024

Фото: Струмички „Комуналец“ доби пет нови возила

Пет нови специјализирани возила доби ЈПКД „Комуналец“ од Струмица. Оваа информација ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– Нека ни е честито и нека не служат долги години новите специјални возила на ЈПКД „Комуналец“. Со нив ќе имаме уште почиста и поубава Струмица.Со пет нови за Комуналец, половни набавени специјални возила за подигање на комунален отпад е подновен возниот парк на „Комуналец“, 3 со зафатнина од 12 метри кубни, едно од 7 и едно од 5 метри кубни специјално за потесните улици. Сите возила се со комплетен систем за пресирање на сметот. Со новите возила ќе се подобрат комуналните услуги кон граѓаните, а со поефикасното собирање на комуналниот отпад ќе имаме почиста oпштина, пиша Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *