Градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, да својот Фејсбук профил објави дека заедно со комуналното претпријатие работат на заштита на критичните точки на река Струмица.
-Овие денови општина Босилово и АД “Водостопанство” активно работат на санација на критичните точки на река “Струмица”. Потребата од чистење на речното корито и понатаму останува, но неопходно е првенствено да се заштитат критични точки на речното корито, вели Манчев на својот ФБ Профил.