Со музика, светкаво и во добра атмосфера се дочека Новата 2023 година на плоштадот во Гевгелија. Преполно беше на плоштадот каде локални изведувачи ги забавувааа своите сограѓани но и бројните гости синоќа на југот од земјата.
Во програмата за новогодишната забава, која започн во 20:00 часот, ќе настапат: DJ Milan, Христијан Митровски, Крџев со бенд, Филип Хаџикојчев со бенд, Оливера Станковска и „Лајв бенд“.
На полноќ, небото над Гевгелија беше осветлено со експлозија од бои од богатиот огномет.