• Thu. Nov 21st, 2024

„Фондација Елеуса“ подготвува Хуманитарен концерт на 25 април

Со музика до хуманост. Младите музичари од Струмица ќе музицираат и пеат за да ја поттикнат хуманоста на своите сограѓани. „Звукот на човечноста“ е насловот на хуманитарниот концерт што ќе се одржи на 25 април во организација на „Елеуса Фондација“.

На концертот ќе настапат изведувачи и бендови од трите средни училишта: „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“,  основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица и вокално – инструменталниот состав „Стихири“.

Средствата од продадените билети се наменети за хуманитарните кативности на „Елеуса Фондација“.