• Fri. Nov 22nd, 2024

Фондација Елеуса подели 84 пакети во Струмичката епархија

Фондацијата Елеуса информира дека хуманитарните активности прдолжуваат и во февруари. Овој месец волонтерите од Елеуса подготвиле и испратиле 84 пакети во Струмичката епархија. Од нив 52 во Струмица и населените места, 13 во Берово и беровско, 12 во Пехчево и пехчевско и 3 пакети во Скопје, 1 во Битола, 1 во Охрид и 2 пакети во Кичево.

За оваа донација се потрошени 238 илјади денари, средства собрани од сите хумани граѓани и компании. Покрај волонтерите, во Фондацијата се вклучени и свештениците од Струмичка епрахија кои честопати се задолжени за достава на пакетите до семејствата коишто имаат најголема потреба.

Хуманитарните пакети се доставени до социјално загрозени семејства, болни лица, или сами лица кои немаат доволно средства за живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *