• Fri. Nov 22nd, 2024

Финска на 12 мај ќе објави дека сака во НАТО?!

Финска на 12 мај ќе објави дека ќе поднесе барање за членство во НАТО, објави финскиот весник „Илталехти“, повикувајќи се на анонимни извори од финската влада.

Објавата ќе се случи во два чекори, пишува весникот. Истиот ден, финскиот претседател Саули Ниинисто ќе ја соопшти својата поддршка за влез на земјата во НАТО, а потоа парламентарните групи ќе дадат одобрение за пријавата.

Руската инвазија на Украина ги турна Финска и Шведска кон членството во НАТО. Откако Русија ја нападна Украина, тие земји ја напуштија идејата дека е најдобро мирот да се одржува на начин на кој јавно нема да се поддржува ниту еден голем блок.

Според финскиот устав, надворешната и безбедносната политика на земјата ги одредува претседателот во соработка со владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *