• Fri. Nov 22nd, 2024

Финска ќе аплицира за членство во НАТО без одлагање

Финските претседател и премиерка повикаа земјата да аплицира за членство во НАТО без одлагање. Саули Нинисто и Сана Марин во заедничко соопштение кажаа дека очекуваат одлуката да биде донесе во наредните неколку дена. Потегот доаѓа среде голем раст на поддршката од јавноста за членство во НАТО по руската инвазија на Украина.

Финска има граница со Русија долга 1.300 километри и досега беше надвор од НАТО за да избегне непријателство од својот источен сосед.

Финска официјално ќе ја соопшти својата одлука в недела откако прашањето ќе биде разгледано од финскиот парламент и други високи функционери.

Шведска кажа дека ќе соопшти слична одлука истиот ден. Русија се закани со непрецизирани мерки ако двете влади ја напуштат долготрајната политика на воена неутралност.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека очекува процесот на зачленување на Финска и Шведска да се случи многу брзо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *