• Sat. Nov 23rd, 2024

Филмот „Кајмак“ на Манчевски вечерва во Гевгелија

Денеска во Народниот театар Гевгелија ќе се прикажува најновиот филм на македонскиот
режисер Милчо Манчевски, „Кајмак“. Влезниците чинат 150 денари и веќе се пуштени во продажба, а можат да се купат во просториите на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија (од 08:00 до 18:00 часот, Народен театар- Гевгелија) и пред почетокот на прикажувањето, кое ќе почне во 19:00 ч.

„Кајмак“ е црна комедија или среќна трагедија за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. Во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Според самиот Манчевски, филмот може да се стави во категоријата „љубовен филм за возрасни“. Во него се прикажува животот на две современи македонски семејства. Како директор
на фотографија, се потпишува Улрик Боел Бенцен од Данска, а за монтажата бил задолжен Емил Нунинга од Холандија. Музиката во филмот е на „Дејниш стринг квартет“ и на Игор Василев Новоградска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *