Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека превентивните мерки коишто моментално се во сила треба да останат уште една недела. Како што рече тој, во денешната изјава за медиумите, во понеделник ќе се одржи состанок на Комисијата за заштита од заразни болести на кој ќе се разгледаат податоците од последниве две недели и ќе се донесе конечната одлука.
„Засега нема никаква најава дека има влошување на епидемиолошката ситуација заради попуштањето на мерките од пред неколку недели. Во секој случај, ќе ја анализираме епидемиолошката состојба заклучно со понеделник па ќе носиме одлука. Засега сметам дека овие мерки што се на сила треба да останат уште најмалку една недела“, рече Филипче.