Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави инфорамација дека се сретнал со членовите на семејснтвото на младата Верица Белчовска чии органи беа донирани.
-Утрово се сретнав со семејството на младата Верица Белчовска чии органи беа донирани и спасија животи. Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме. Преку донатори се обезеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица. Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен, ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни, вели Филипче на својот ФБ профил.