Засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на епидемиолошката состојба во земјава, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, состојбата во образовните институции редовно се следи и оти засега нема ризик по здравјето на децата.
Активни се сите служби во министертството за образование и наука, ги собираат сите податоци на дневна основа, веднаш ги споделуваат со нас и со ДСЗИ и засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на епидемиолошката ситуација, односно здравјето на децата“, рече Филипче.
Министерот информираше и дека вакцинацијата кај повозрасните категории се одвива тековно и повика во процесот да се вклучат и помладите категории на граѓани.