Министерот за здравство Венко Филипче очекува ситуацијата да се стабилизира. По денешниот редовен состанок на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на клиниките и ковид центрите, министерот на својот Фејсбук профил соопшти дека постепено се намалува бројот на прием на пациенти.
„Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“ напиша Филипче.
Инаку денеска и на 26 април се очекува во државата да пристигнат 20.000 дози од вакцината „Фајзер“.