• Fri. Nov 22nd, 2024

Филипче очекува до крајот на летото да имаме колективен имунитет

By

Jun 22, 2021

Според неговата денешна изјава, очекувањата се дека ќе се вакцинираат околу 600 000 односно половина од полнолетните граѓани во земјава.„Мислам дека до крајот на летото голема бројка на граѓани ќе бидат вакцинирани. Во овој момент се вакцинирани нешто под 300 000 граѓани. Со оваа следна количина која доаѓа тоа сè уште 300 000 граѓани. Тоа ќе бидат вкупно 600 000 граѓани, 50 проценти од вкупната популација која имаме идеја дека треба да се вакцинира. Тука ги исклучуваме децата. Така што до крајот на летото верувам дека ќе се постигне процент на вакцинирани за кој можеме да кажеме дека е колективен имунитет“,изјави Филипче.

Следната количина за преостанатите 300 000 граѓани кои треба да се вакцинираат за да се постигне прагот од 50 проценти, која ја споменува министерот, е веќе најавеното пристигнувањето на 600 000 дози – 100 000 од „Фајзер“ и 500 000 „Синовак“.„Нашиот план е да се даваат некаде околу 15-20 000 вакцини на ден. Сега во овој период кога ги очекуваме големите количини на вакцини, вкупно 600 000 веќе е направен планот за тоа како ќе се распределат согласно бројот на пријавени граѓани по градови и пунктови. Во големите осум пунктови каде ги има фрижидерите на минус 80 степени ќе бидат фајзеровите вакцини, во другите вакцините на ’Синовак‘ затоа што тие се чуваат на температура од 2 до 8 вели Филипче.

извор:https://360stepeni.mk/filipche-ochekuva-da-imame-kolektiven-imunitet-do-krajot-na-letoto/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *