• Fri. Nov 22nd, 2024

Филипче: Децата од Гевгелија со обична вирусна инфекција

Министерот за здравство, Венко Филипче денес изјави дека завршил увидот со сите анализи на децата и бебињата кои беа хоспитализирани во болницата во Гевгелија.

-Станува збор за обична вирусна инфекција. Кај сите деца се направени серолошки анализи и ниту едно дете нема антитела на Ковид-19. Очигледно нивниот имунолошки систем сега реагира, затоа што подолго време се наоѓале дома. Нема простор за паника и никаква поврзаност со коронавирусот, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Изминатиов месец во болницата во Гевгелија лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *