Полицијата синоќа приведе криумчари на мигранти во близина на локалниот пат с.Стојаково – Богданци.
Едниот ги превезувал со „пежо 407“, а другиот со „опел вектра“ и двете возила со бугарски регистарски таблички. Во двете возила се пренесувале вкупно 18 мигранти.
Синоќа околу 20.00 часот полицајци го привеле Џ.А.(27) од с.Црнилиште, општина Долнени, затоа што во возилото „пежо 407“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени мигранти.
Околу 19.30 часот на истата локација, полициските службеници забележале како од неговото возило и од возило „опел вектра“ со бугарски национални ознаки излегуваат вкупно 18 мигранти(4 од Пакистан и 14 од Сирија). По преземени мерки, мигрантите и возилата биле обезбедени, а возачите се дале во бегство, но набргу потоа, Џ.А. бил пронајден и лишен од слобода, а се преземаат мерки дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.
По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.