Вчера во времето од 06.00 до 14.00 часот при координирана акција помегу полициски службеници од Полициска станица Радовиш и вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница Радовиш на две локации, една на место викано „Еланица“ на планина Плачковица и на место викано „Градска река“ радовишко биле откриени дрвокрадци со запрежни коли.
Како што соопштија од СВР Струмица биле затекнати пет запрежни возила управувани од С.Ф. (40), Б.А. (30), Б.Б. (52), М.Ф. (40) и С.Б. (30) сите од Радовиш, на кои лицата превезувале вкупно 4.4 м/3 бесправно исечени огревни дрва. Запрежните возила со дрвата се одземени и пренесени во кругот на ЈП „Национални шуми“ подружница Радовиш, а по документирање на настанот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави