Од Крива Паланка преку Струмица до Струга ќе се движи „Европското патувачко кино под отворено небо“. ќе тргне од Крива Паланка на 25/26 јуни на Градскиот плоштад, па на 3 и 4 јули ќе стигне во Струмица во Градскиот парк и во Дом на АРМ, а на 9ти и 10ти јули ќе биде во Струга на летната сцена во Центарот за култура.
„Европско патувачко кино под отворено небо“ е насловена новата програма на Фестивалот на европски филм Синедејс, почнува утре. Синедејс ја стартува програмата во чест на 20-годишното постоење како заеднички проект на Делегацијата на Европска Унија и Младински културен центар.
Патувачкото кино ќе прикаже 12 филма: шест европски снимени во последните години и шест македонски кратки филма, дел од нив наградени на различни филмски фестивали.
Проекциите почнуваат во 21 часот и ќе бидат проследени со разговори со филмскиот критичар Влатко Галевски и неговите гости.