• Fri. Nov 22nd, 2024

Europe House Струмица организираше спортско дружење со дечињата од детската градинка „Виножито“

ByЃ. K.

May 16, 2024

Спортско дружење со малите палавковци од Детска градинка “Виножито” Струмица. Ден исполнет со спорт, игри, забава и многу детски насмевки е рецептот за активност и здрав развој.

Прекрасна можност децата да го пробудат својот натпреварувачки и тимски дух, да се научат на постојаност и соочување со победи и порази.

Физичкото и менталното здравје се тесно поврзани. Редовната физичка активност ги намалува нивоата на стрес и тревожност кај децата, ги засилува социјалните врски и емоционални вештини, како и го подобрува нивниот сон.

Физичката активност на децата е клучот за нивната среќа и здрав развој.

By Ѓ. K.