Europe House Струмица и Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица, вчеравечер го одржаа октомвриското Book club дружење.
Во пријатна и опуштена атмосфера во Кафе бар “Stay”, преку динамични разговори и дискусии се запознаа подлабоко со ликовите и нивните драмски дејствија во “Парите се отепувачка” од Ристо Крле, најпознатото драмско остварување на македонскиот драматург, како и драмата “Недоразбирање” напишана од нобеловецот Албер Ками.
Читателското патување со овие две извонредни драми, кои љубопитно го слушаа и младите од соседните маси, го водеа младата писателка Рената Атанасова во ко-модераторство и соработка со м-р. Аница Глигорова Милева, библиотекар советник и Гонца Запрова Анастасова, виш библиотекар.