Читателскиот клуб, организиран од Europe House Струмица и Библиотека Благој Јанков Мучето овој месец дискутираше за една кратка новела ,,Отпечаток во времето”, односно поднасловот ,,Подарокот на Џо”. Станува збор за дело на бугарскиот автор Иво Иванов од книгата ,,Линијата на среќата”.
Се читаше и дискутираше за животни искуства.
Во вториот дел, читателите се запознаа со моќта на Кокологијата (јапонска техника) и заедно обработија психолошки игри, преку кои ги запознаа своите скриени емоции и реакции.
Модератори на читателското патување се младата писателка Рената Атанасова, м-р Аница Глигорова Милева библиотекар советник и Гонца Запрова Анастасова, виш библиотекар.