• Fri. Nov 22nd, 2024

Естонија укинува карантин за вакцинирани

vakcinacija

Естонија укинува карантин за вакцинирани патници. Доколку имаат потврда за примена вакцина против Ковид-19, нема да одат во карантин.

Официјални лица велат дека овој потег нема да биде ограничен на вакцини од одредени доставувачи одобрени од ЕУ. Туку ќе ги опфати вакцините од сите компании во светот.

Сепак, тие наведуваат дека сертификатот за вакцинација на странски државјани ќе мора да исполнува одредени критериуми.

Естонија укинува карантин за вакцинирани, но, сертификатите ќе треба да се издаваат на естонски, руски или англиски јазик.

Во сертификатот ќе треба да се наведе болеста против која е вакцинирано лицето, датумот кога е примена вакцината, нејзиниот сериски број, името на производителот и името на телото што ја издало дозволата за нејзина употреба.

Македонија најави вакцини во февруари, но се уште нема официјална информација кога точно ќе пристигнат. Во меѓувреме, Македонци коишто примиле вакцини во странство споделуваат искуства.

23 годишниот Ристо Ковачев од Струмица студент по општа медицина во Марибор Словенија е меѓу првите што се вакцинираа од ковид. Смета дека единствен начин светот да се врати во нормала е вакцинација. Како практикант на ургентниот центар при УКЦ Марибор вакцината од производителто Фајзер ја примил пред неполна недела-доброволно бидејки како студент добор бил запознат како се развива болеста и кои се последиците од неа посебно кај повозрасните лица и со фактори на ризик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *