• Thu. Nov 21st, 2024

Епсикопот Јаков смета дека е добро што ќе има широка дебата за Законот за родова еднаквост

Епископот Јаков и министерката Тренчевска се согласиле дека е потребна широка дебата за Законот за родова еднаквост – ова е заклучокот од средбата што викендов ја имале во Струмица. Во гостувањето на вестите на телевизија Сител, синоќа Министерката за труд и социјална политика рече дека зборувале и е задоволна од средбата. Го уверила епископот дека за законот допрва ќе се дебатира.

Викарниот епископ Јаков, пак, поврди дека во саботата разговарале за Законот за родова еднаквост. Тој смета дека е позитивно што ќе се отвори широка дебата за законот, во која јавноста подробно ќе се запознае со содржината на текстот, ќе дебатира и ќе предлага измени за членовите со кои не се согласуваат.

Законот за родова еднаквост ја бранува јавноста веќе десет дена, откако во Струмица Елеуса Фондација организира трибина  на која се изнесоа загрижувачки ставови од епископот јаков, писателот Венко Андоновски но и активстиката Гордана Гоџо.