Eпидемиолошката состојба во Гевгелија и натаму алармантна, бројот на новозаразени рапидно расте
Eпидемиолошката состојба во oпштина Гевгелија
и натаму е алармантна, а што е уште полошо, бројот на новозаразените од КОВИД-19 рапидно расте, нагласува градоначалникот на Општина Гевгелија и командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Сашо Поцков во своето обраќање во јавноста. Особено, по невообичаено високите бројки на новозаразени според дневната статистика, наспроти пополнетите болнички легла во општата болница во Гевгелија. Притоа, потсетува на заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување за доследно почитување на заштитните мерки од КОВИД-19, пред се, носење на заштитна маска, редовна дезинфекција на раце и површини, како и одржување на соодветно растојание на затворено или отворено.