Организараниот градски превоз може да реши многу проблеми во движењето на граѓаните во градските средини. Намалување на сообраќајниот метеж, загадувањето, високите трошоци за гориво. Според сообраќајниот инженер Миле Стојменов, во Струмица е изводлив ваков проект, но и потребен со оглед на сѐ поинтензивното ширење на градот.
Низ улиците на Струмица денеска се тестираше електричен автобус. Тим од општина Струмица, но и образовните институции се запознаа со перформансите на автобусот кој со едно полнење може да помине 350 километри.
Билјана Јанчевска од Ауто Македонија вели дека автобусот е последен изум на технологијата, бесшумен е и економичен.
Електричниот автобус покрај тоа што има нулта емисија на штетни гасови, минимално троши електрична енергија и се смета за добра замена на класичниот градски превоз.