• Sat. Nov 23rd, 2024

Еко модна ревија на основците од Колешино

Еколошка модна ревија со рециклирани материјали ни презентираа основците од ООУ „Видое Подгорец“ од Колешино. со црни ќеси за отпадоци, рециклирани материјали, но и материјали од природата направија вистинска уметност. Фотографиите ги објавија на официјалната страница на училиштето со образложение дека ревијата е направена како дел од ЕКО проект.

„Во рамките на ЕКО проектот, учениците и наставниците од нашето училиште, со многу креативност, ентузијазам, учење и забава изработија неверојатни дизајни од рециклирачки материјали и ја одржаа ектравагантната ,,Trashion fashion” модна ревија која се реализираше на 08.04.2022“, велат од управата на училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *