Во пресрет на 22-ри Април Светски ден на планетата Земја, струмичкото основно училиште „Никола Вапцаров“ организираше Еко – акција и модна ревија од рециклирани материјали, со цел на сите ученици, вработени и сограѓани им пакаже дека отпадните материјали можеме повторно да ги употребиме.
Во акцијата учествуваа учениците од сите петто одделение со нивната наставничка по Природни науки Емилија Крстева и одделенските наставнички Милена Исирова, Миропа Павлова-Бачева, Андријана Ковачева и Фани Ристова кои засадуваа растенија во рециклирани сакции од пластични шишња, како и учениците од 4 одд., со одделенската наставничка Билјана Гунова кои продифелираа во костуми од пластични ќеси, шишиња, чаши.
„Со активностите сакавме да покажеме дека активно се вклучуваме во сите апели и акции за зачувување на нашата планета и за здрава животна средина. Во рециклирани материјали од пластични шишиња и лимени кутии засадивме многу цвеќиња, изработивме цветови од пластика, куќички за пилиња, кои на сите овие отпадоци им го продолживме векот да го красат нашето училиште,“ велат вклучените наставнички.