• Fri. Nov 22nd, 2024

ЕК го одобри планот за Бугарија вреден шест милијарди евра

Европската комисија одобри план за закрепнување на Бугарија вреден шест милијарди евра, но според претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, парите ќе дојдат само по спроведување на реформите, пишува „Еурактив“.

„Речиси 60 отсто од планот ја поддржува зелената транзиција. Тоа е исклучително важно“, изјави Фон дер Лајен.

Но, таа го пофали и задолжителното спроведување на реформата на антикорупциската комисија и воведувањето механизми за одговорност на јавниот обвинител. За тоа се потребни измени на законот, а можеби и на Уставот, за кои владејачката коалиција нема доволно пратеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *