• Fri. Nov 22nd, 2024

Едноокиот мачор Марко ги открива тајните на струмичкиот музеј

Ако некогаш сте се запрашале што се се крие во поставките и депоата на струмичкиот музеј, ова прашање конечно ни го одговара едно маче. Токму едноокиот мачор Марко ги открива тајните на струмичкиот музеј. И тоа не било кому, туку-на децата.

Денеска попладне тој пристигна како херој во новиот музејски водич за деца „Патување низ времето“ и од Старата турска пошта им ги раскажуваше на учениците приказните од поблиското и подалечното минато. Секако, тој попладнево беше присутен само преку овој прирачник, но, авторката, Јасмина Пијанманова, инаку вработена во музејот во Струмица, вели дека Марко е вистински а не имагинарен лик. Тој често доаѓал во просториите на музејот, бил домашен член, речиси вработен. Постојано се шеткал низ ходниците на музејот, ги познавал сите места, особено тајните, па природно дошло токму тој да ги води децата низ ова патување. Порад тоа што Марко и навистина е едноок, го нарекле херој-еден од Самоиловите војници.

Пијанманова смета дека ваквите публикации се одличен начин на децата на поедноставен, но креативен начин да им се доближува историјата, уметноста, културата. Токму затоа смета дека овој прв водич ќе биде поттик за многу идни слични проекти.

Промоцијата на водичот е дел од настаните „Струмица-град на културата 2021“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *