• Fri. Nov 22nd, 2024

Една недела програма за одбележување Денот на ослободување на Гевгелија

Од понеделник до 9 ноември Гевгелија ќе има програма за одбележување на т ноември-денот на ослободувањето на Гевгелија.

Одбележувањето на Општинскиот празник ќе започне со отворањето на Изложба на фотографии од Димитар Новаков „Гевгелиски моменти“, во Ликовната галерија „Амам“. На 2 ноември, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде одбележана 50-годишната творечка кариера на Васил Тоциновски. Во програмата за одбележување на 7 Ноември, ќе учествува и ООМУ „Васо Карајанов“ со Концерт на класична музика. На концертот ќе се претстават учениците од Музичкиот оддел.

              За денските активности на 4 ноември, во Народниот театар- Гевгелија следи настанот Туристичка промоција на Гевгелија Spice up the journey. Следат гала-оперските концерти на Ансамблите при Национална опера и балет „Болеро“ и „Оперски концерт“, со почеток во 20:00.

              На 5 ноември, низ улиците на Гевгелија ќе трчаат дечињата, на Детската атлетска трка во рамки на November run Gevgelija. Трката ќе започне во 16:00 часот, на платото на Сава Михајлов. Исто така, следат Концертите на денс-групите „Мистик“ и „Дива“ од Гевгелија. Атлетската трка November run Gevgelija ќе продолжи на 6 ноември со трките на 5 и 10 км., во машка и женска конкуренција, со почеток во 09:00 часот. Навечер, со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде одржана манифестацијата „Фолклорен ѓердан“.

             На самиот ден на Празникот, на 7 ноември, во 11:00 часот, ќе се положува цвеќе на спомен-обележјата во Гевгелија. Вечерта, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, гевгеличани ќе можат да ја проследат театарската претстава „Секс и лаги“ од репертоарот на Театар „Куманово“, во режија на Драгана Таневска. Oсумдневнаta програма, во организација и покровителство на Општина Гевгелија, културните институции и спортски организации, ќе заврши со Концерт на Гордана Јосифова Неделковска- англиски рог и Елена Атанасовска Ивановска- пијано, на 9 ноември, во хотел „Аполонија“, а ќе започне во 20:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *