• Fri. Nov 22nd, 2024

Eпидемиолозите бараат рестриктивни мерки за угостителските објекти

Eпидемиолозите бараат рестриктивни мерки за угостителските објекти.

Покрај големиот број заразени од новата варијанта омикрон и барањата на епидемиолозите засега нема нови рестриктивни мерки за угостителските објекти. Јавноста со поделени мислења околу тоа дали треба да се скрати работното време или да се затворат угостителските објекти. С

поред коментарите на социјалните мрежи за некои не се потребни нови мерки туку само да се почитуваат постојните, за други пак веќе е доцна за рестриктивни мерки бидејќи новогодишните забави поминаа, а луѓето премногу се опуштија. Угостителите кои едвај дочекаа да им се наполнат кафеаните за новогодишните празници, велат дека ниедна дополнителна мерка наменета само за угостителската индустрија во наредниот период нема да го намали и спречи ширењето на варијантите и мутациите на ковид-19.

Сепак угостителите сметаат дека ниедна дополнителна мерка наменета само за угостителската индустрија во наредниот период нема да го намали и спречи ширењето на варијантите и мутациите на ковид-19.

За разлика од кај нас, некои од земјите во регионот Грција, Хрватска, Словенија… донесоа рестриктивни мерки за угостителските објекти, некои го скратија работното време, а некои пак целосно ги затворија кафеаните и рестораните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *