Нема објективни и разумни критериуми за распределба на над 300 милиони денари јавни пари за платено политичко рекламирање, ниту пак има јасни критериуми за распределба на дополнителните 1 евро по гласач за учесниците во вториот изборен круг, констатираше Државниот завод за ревизија во ревизорскиот извештај за исплатените средства од ДИК за локалните избори 2021 година.
По две најголемите партии од позицијата и опозицијата, кои на претходните парламентарни избори освоиле најмногу гласови, земаат најголем дел од колачот, нив им припаѓа по 45 проценти од парите, 7 проценти за паритиите кои немаат пратеничка група, и 3 проценти за оние кои не се застапени во Парламентот.
Ревизорите констатираа дека ДИК не поседува сопствен магацин за чување на уредите за биометриска идентификација на гласачите кои се сместени во несоодветен простор. Не е пополнето работното место магационер кој треба да го чува изборниот материјал, а не е направен избор ниту на генерален секретар.
Државниот завод за ревизија утврди и пропусти во јавните набавки за печатење на доверливиот избирачки материјал за локалните избори, а констатирани се и ризици уредите за биометриска идентификација да не се испорачаат согласно тендерската документација.