Во моментов не може да кажеме дека имаме доволен број на пратеници за да се отвори Уставот, за да се внесе бугарска етничка заедница, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Ги повика партиите во парламентот, со оглед на тоа што декларативно се за членство во ЕУ, пред сѐ да работат за интересите на државата.
„Сите пратеници и политички субјекти во Собранието треба на уставните амандмани да гледаат како на нешто што е од особен интерес на државата и за граѓаните“, рече Џафери.