„Џабе живиш у Скопје“ новата книга на авторот Зоран Спасов Ѕоф инспирација за пејачот и кантавтор Зоран Рудан Цеки да ја објави новата песна и спот со ист наслов.
„Џабе живиш у Скопје џабе сањаш друже мој, денес не е никој со никој нит е она на истиот број“, пее Цеки кој рече дека инспирација добил од текстовите на Ѕоф.
Текстот е ултра носталгичен и пишуван на хардкор скопски сленг што е во фаза на изумирање. Цеки и Sоф се последните Мохиканци кои се борат за зачувување на „јазикот” на кој зборувале нашите претци.
Песната има три строфи и певлив рефрен, но во позадина Цеки успеал да го зипува животот на преку дваесетина генерации. Тука, како што вели авторот, ќе се пронајдат сите родени помеѓу ’50 и ’80 година.
Видео спотот е краток документарен филм од осумдесеттите години и содржи емотивни слики од тоа време. Секој стих заедно со неколкуте секунди што го следат е приказна сама по себе.