• Sun. Nov 24th, 2024

Две дози вакцина примиле 46 отсто од полнолетните граѓани

Две дози вакцина примиле 46 отсто од полнолетните граѓани, информира Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472 како втора доза, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, две дози примиле 769.356, а трета доза примиле 10.386 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се вакцинирани со две дози, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *