Двајца струмичани загинаа во сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови во Пјаченца, Италија. Според италијанскиот медиум Ilpiacenza.it ,станува збор за братучеди, 25 годишната Марија Витанова и 26 годишниот Методи Витанов, кои биле во автомобил рено клио. Автомобилот удрил во дрво и веднаш се запалил, па кога пристигнало спасувањето веќе било доцна.
Медиумот наведува дека станува збор за кобно место. На оваа обиколница за десет денов имало три сообраќајни несреќи со жртви.