• Thu. Nov 21st, 2024

Двајца Срби го освија светот

Двајца Срби, врвни имиња, се запишаа во историјата на нивните спортови.

Во неделата Новак Ѓоковиќ стана шампион на Ролан Гарос, со што ја освои 23. Грен слем титула во кариерата и стана единствениот во историјата на машкиот тенис.

Еден ден подоцна, Никола Јокиќ, го освоји својот прв шампионски прстен со Денвер Нагетс. Тоа беше нешто што му недостигаше за да може да помине низ вратата на најголемите досега.

„Ова сигурно е најсветлата ера во историјата на српскиот спорт“, одговори Никола на прашањето на медиумите на конференцијата по освојувањето на прстенот.

„Спортот во Србија е нешто што нѐ става пред сите, дури и пред 10-20 години. Особено сега кога го имаме Ѓоковиќ. Тој e најдобриот тенисер досега. За нас тој е најдобар. Се разбира, сега имаме титула во НБА. Мислам дека е многу убаво да се биде Србин во моментов“, порача Јокиќ.