Карневалот ќе се одржи затоа што искуството покажува дека преголемите паузи можат да ја нарушат традицијата, вели првиот човек на струмичкиот карневалски одбор, Александар Цицимов. Според тоа, општината и советот ја поддржале одлуката да се организира карневал.
Карневалџиите најверојатно ќе настапат во маските коишто ги чуваат од 2020 година, со оглед дека тогаш карнвеалот се прекина непосредно пред одржувањето и групите не успејаа да ги претстават своите креации.
Годинава карневалот ќе се одржи од 2 до 9 март.