Дополнителни два денара поддршка ќе добијат лозарите за предадено грозје во регистрирани капацитети, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Оваа одлука значи дека на историски највисоките откупни цени што се постигнаа, се додаваат плус два денара за секој килограм откупено грозје. Оттука, цената на „смедеревката“ ќе биде 15 денари, а на „вранецот“ 17 денари. Ако на ова се додадат субвенциите од 40 000 денари за одржување на лозовите насади, постигнатата цена на грозјето е 18 за „смедеревка“ и 20 денари за „вранец“, истакна Николовски.