• Sat. Nov 23rd, 2024

Дупка на патот Дебар – Маврово, кај Косоврасти

Дупка длабока од 15 до 20 метри одново се отвори на патот Дебар – Маврово. Очевидци велат дека брзата реакција на случајни минувачи, а потоа и на полицијата, спречила трагедија. Објаснуваат дека дупката е голема и може да пропадне автомобил, но и дел од автобус, доволно за да се преврти, пишува Макфакс.

Ова е вторпат за два месеца да се отвори дупката, на истото место, кај Косовашки мост. Станува збор за фреквентно место. Претходно, истиот проблем се појави во септември, кога се претпоставуваше дека причина е лизгање на земјиштето. И сега, како и претходно, патот е затворен поради можност дупката да се прошири и на другата лента.

Нејзиното санирање е должност на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *