Општините, јавните претпријатија и министерствата имаат неплатени сметки за струја во износ од околу 35 милиони евра кон ЕВН, потврдуваат од компанијата за САКАМДАКАЖАМ.МК. Но, вкупниот долг на државните институции за неплатена струја е далеку поголем од овие 35 милиони евра, бидејќи тие се на слободниот пазар и голем дел од нив имаат договори со други добавувачи.
Од ЕВН не откриваат детални податоци околу тоа кои институции се најголеми должници, поради заштита на податоците на клиентите. Според достапните податоци, општините должат околу 17 милиони евра, јавните претпријатија околу 8 милиони и министерствата околу 10 милиони.
Повеке информации на СДК