• Fri. Nov 22nd, 2024

Државата ќе креира социјални услуги за возрасните лица со аутизам

Нови социјални реформи кои ќе ги опфаќаат возрасните лица со аутизам. Ова се предизвиците на кои ќе мора да се насочи државата во следниот период, затоа што едно од клучните прашања што ги измачува родителите е како ќе функционираат лицата во аутистичниот спектар кога нема да се тие живи. Спасе Додевски Kоординатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, вели дека оваа е значајна тема на која се работи.

Ова прашање добива уште поголема итност со фактот дека бројот на деца во аутистичниот спектар расте. Едно на 39 деца во светот спаѓа во спектарот.

Овие разговори се водеа во рамки на панел – дискусијата на тема „каква ќе биде поддршката за учениците со аутизам во учебната 2023/24 година? Настанот го организира Демократски инситут за општествени и политички анализи од Струмица.