Заврши доизградбата на патот до Ума. Со афалтирањето на преостанатите 800 метри од патот, од крстосницата на патот Гевгелија-Смрдлива Вода до Ума, по повеќе од една деценија целосно се заокружува оваа сообраќајница. Изградбата на последната делница од патот за Ума чини 6.700.000 денари, од кои 1,5 милион денари се средства од Буџетот на Општина Гевгелија, а преостанатите се обезбедени од Бирото за регионален развој, преку проектната програма на ЈИПР.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во изградбата на преостанатите 800 метри. За реализацијата на проектот, истакна:
– Ова е дел од моето ветување пред локалните избори, дека ќе дадам посебен фокус за доизградба на патот и решавање на долгогодишниот проблем во одвивањето на сообраќајната комуникација на жителите и туристите кои се почесто ја посетуваат Ума.