• Fri. Nov 22nd, 2024

Досега вакцинирани 730 лица над 77 години во Македонија

Досега вакцинирани 730 лица над 77 години во Македонија. Според информациите од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани 730 граѓани на пунктовите во државата, односно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт.

„Според податоците на националниот систем ‘Мој термин’, заинтересираноста помеѓу граѓаните над 77 години, кои го почнаа процесот на вакцинација вчера, е висока, односно само 2 % од граѓаните што имале закажано термин не ја примиле вакцината“, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата почна вчера во Скопје, односно во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

Утре, ќе почне и вакцинацијата во другите градови: Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

Министерството за здравство информира дека пунктовите за вакцинација работат од 8 до 20 часот секој ден, од понеделник до петок.

Закажувањето термин го прави матичниот лекар, кој е должен на секој граѓанин да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде што се спорведува вакцинација против Ковид- 19, соопштуваат од Министерството за здравство.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *